Апелациски определи притвор за Грујовски, Јакимовски и Бошковски


Апелацискиот суд Скопје за тројца обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“, меѓу кои Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски, ја уважи жалбата на СЈО, ги преиначи првостепените решенија и заради обезбедување присуство на обвинетите во кривичната постапка им определи мерка притвор.

– Апелацискиот суд Скопје по одржаните седници на ден 17.7.2017 година донесе одлуки во предметите познати во јавноста како „Таргет“ и „Тврдина“, со кои за тројца обвинети ја уважи жалбата на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите Скопје, на начин што ги преиначи првостепените решенија и жалбите на Обвинителството ги уважи, а према обвинетите Г.Г., Н.Б и Т.Ј. заради обезбедување присуство на обвинетите во кривичната постапка, определи мерка притвор, додека за останатите обвинети се потврдија првостепените решенија, со тоа што жалбите на обвинетите, како и на Обвинителството, се одбиени како неосновани, се наведува во денешното соопштение од Судот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1