Според информациите од полицијата уапсени се пет лица кои учествувале во физички напад, како и еден затвореник кој бил пуштен дома на викенд, а тој не се вратил.
При обид затвореникот да биде уапсен поради сомнение дека го сторил физичкиот напад, неговото апсење го попречувало 22-годишно момче.
Кратко подоцна се собрале повеќе луѓе кои со камења и со разни предмети почнале да фрлаат кон присутните полициски службеници.
Од предметите двајца полицајци со повреди биле пренесени во Градската болница, а оштетено е едно полициско возило.
Очевидци за Курир велат дека настанала вистинска мешаница, а имало поголем број на полициски службеници.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.
One Response to “Апсења кај Американска амбасада – повредени 2 полицајци”