Авион со над 40 патници се урна во северен Пакистан


Авион на авиокомпанијата „Пакистани Интернешанл Ерлајнс“ (ПИА) со 42 патници и членови на екипажот, се урна денеска во северниот дел на Пакистан, јави Би-Би-Си.urnat-avion-pakistan

Летот ПК-661 на релација Читрал – Исламабад, се урнал во реонот на градот Хавелијан, на 70 километри од Исламабад.

Според пакистанскиот национален авиопревозник во леталото се наоѓале 37 патници и петмина членови на екипажот.

Кон местото на падот на авионот се упатиле спасувачки екипи.

ПИА беше обвинета за несоодветни мерки за безбедност во 2006 година, откако при слична несреќа загинаа 44 лица. Европската Унија во 2007 ги забрани летовите на компанијата кон нејзините земји членки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1