АВМУ: На новинарите да им се озвозможи непречено вршење на работата


Во врска со вчерашната реакција на ТВ 21 дека нивен новинар бил попречен да постави прашање на прес-конференција во Министерството за надворешни работи, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на неопходноста новинарите да можат непречено да ја вршат својата работа, особено кога станува збор за прашања од посебен јавен интерес.

„Улогата на медиумите и отвореноста на институциите кон нив е од клучно значење во современите демократски општества, бидејќи само на тој начин се овозможува отварање и учество во пошироки јавни дебати, слободно создавање на јавното мислење и формирање критички ставови“, велат од АВМУ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1