Автомобил излета од автопатот Скопје-Велес – возачот со хеликоптер однесен во болница


Едно лице е повредено откако автомобил излетал од автопатот Скопје-Велес, дознава Курир.

FOTO – KURIR.MK

Од полицијата за Курир ја потврдуваат сообраќајната несреќа, истакнувајќи дека истата се случила денес околу 10 часот во близина на тунелот Бадар, кога автомобил „Сеат Кордоба“ управуван од засега непознато машко лице, излетал од автопатот.

Возачот бил изваден од возилото и со хеликоптер пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1