Баба Милка ги чувала децата на Трамп: За секој роденден ми даваше по 1.000 долари


Баба Милка од Белград, која сега има 85 години, ги чувала децата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп.

– Многу е добар и вреден, има добра душа. Не знае да ги мрази луѓето. Нема извештаченост, сè е природно кај него. Многу ги сака Балканците, особено Србите и српската жена – вели баба Милка за „Ало“.baba-milka-dadiljatramp-deca-foto-zorana-jevtic-1478879468-1033259

Таа за Трамп работела цели осум години, како дадилка на неговите деца, и вели дека тој ја сметал не за помошничка, туку за член на семејството.

– Ги чував синовите на Трамп, Доналд и Ерик. Добро плаќаше, беше дарежлив. Супер ми беа тие осум години. Замислете, за секој роденден ми даваше по 1.000 долари. Ги сакав многу неговите деца, а и тие мене – додава баба Милка.

Додава и дека Трамп се грижи за своите деца и тие секогаш му се приоритет.baba-milka-dadiljatramp-deca-foto-zorana-jevtic-1478879468-1033261

– Доаѓа дома, мие раце и веднаш сè остава на свое место, па веднаш се фрла во прегратка на децата. Многу ги сака своите наследници. Ги држеше в скут и така разговараа. Прашуваше и мене како ми поминал денот, а и што правеле тие – вели Србинката.

Вели дека ѝ е жал што се разделил од Ивана, бидејќи добро се согласувале.

– Му посакувам среќа, ја заслужува, завршува бабата.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1