Баба случајно ги дрогирала децата и внуците за Божиќ


Кога членовите на едно семејство седнале на божиќен ручек во Чешка, никој не очекувал дека наредните неколку часа ќе повраќаат и ќе имаат халуцинации.

Тајната е во една од состојките која се нашла на божиќната трпеза.

Седумчленото семејство во чешкиот град Вратимов за Божиќ јадело печена патка, а само еден од нив не завршил во амбулантно возило со вртоглавици, мачнина и халуцинации.

Четворица возрасни, на возраст од 37 до 71 година, и две деца, од шест и три години, се пренесени во болница под претпоставка дека се затруле со јаглен-моноксид.

После претрагата во куќата не е пронајдено истекување на гас.

На крај, се утврдило дека старицата, бабата во семејството, користела канабис во јадењето.

Марихуаната ја користела за медицински цели, а во јадењето по грешка ставила канабис, наместо друг зачин.

Чешката полиција потврдила дека е отворен кривичен предмет поради „припрема на недозволени дроги“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1