Баба уапсена за крадење накит: Не крадам за пари, туку за „добар провод“!


Американката Дорис Пејн, која има 86 години, е уапсена во еден хипермаркет на „Валмарт„ во американската сојузна држава Џорџија, за украден накит, чија вредност изнесува 86 долари.

Пејн е позната како крадец на накит, бижутерија, храна, лекови и електронски предмети, од трговски центри и богато и разноврсно снабдени хипермаркети, на југот од САД.

Нејзината криминална активност е започната уште во педесетите години на минатиот век, па досега има издржано повеќе затворски казни.

Сега, во длабока старост, таа одново ке мора да одговара за извршен нов грабеж, но полицијата на Џорџија соопшти дека по сослушувањето, обвинетата Пејн била пуштена со кауција.

Според полициски извори, кои ги пренесуваат американските медиуми, таа досега има украдено разни предмети во вредност од над два милиони долари.

Последен пат, Пејн има украдно една дијамантка огрлица од две илјади долари. Била изведена на судење, а судијата пресудил да биде во домашен затвор и да не смее да влезе во трговскиот центар од каде ја украла огрлицата.

Нејзиниот адвокат, по последното апсење, изјавил дека веќе не станува збор за кражба во вистинската смисла, туку за случај на една 86-годишна жена која „мора некако да преживее“ набавувајќи за себе храна и медицински потреби.

Во едно интервју во 2005 година, Дорис Пејн изјавила дека не краде за пари, туку за „добар провод“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1