Бабичка од Скопје: Јас ги родив, ги чував, ги школував, кога требаше тие мене да ме чуваат ме оставија во дом


Осумдесет годишната Баба Олга од Скопје веќе 5 години живее во Дом за стари лица. Ја раскажува својата приказна како после толку годони се нашла таму.
Се омажив млада, тогаш сите девојки се мажеа млади, не само јас. Со мојот сопруг не се запознавме сами, туку преку стројници. Имав среќа, ми се погоди добар човек. Имавме убав и живеевме скромен живот. Имаме тројца синови и една ќерка. Сите сега се возрасни. Мојот сопруг почина пред 7 години. Имав убав живот се додека тој беше жив.

Господ ми подари 4 деца. Уживав додека тие растеа. Делев од себе за нив. Сите се факултетски образовани. Денеска имаат убава работа и земаа убави плати. Сите тие си имаат свои фамилии. Ќерка ми се омажи во странство.

Јас и мојот сопруг на сите тројца синови направивме посебни домови, куќи. Трпевме, делевме од нас, за да има за нив. Да имаат се најдобро.

Јас и сопругот си живеевме сами. Доаѓаа децата од време на време на посета. Мојот сопруг се разболе и за брзо време почина. Јас останав сама. Како одат годните напред, на човек се му фали нешто. Здавјето не е тоа што беше некогаш. Јас се грижев за сопругот кога беше болен, но за мене немаше кој… Доаѓаа на посета кај мене еднаш или два пати во недела. Не можев некогаш да отидам ниту до продавница да си купам основни работи, па соседките понекогаш ми купуваа. Имаа поголема милост, од моите деца, кои ги родив, ги чував, ги изведов на прав пат.

Како поминуваше времето едвај можев да се движам и да одам до тоалет.

И еве ја денеска мојата судбина. Да родиш четири деца, да им дадеш се, и да дојде време, кога ти е потребна тебе помош, тие да свртат глава и да те остават во дом за стари лица.

Во домот сум веќе 5 години. Можам да кажам за мене 5 пеколни години. Добивам тука и храна, и медицинска нега, имам и со кого да зборувам и да се дружам. Ама залудно, јас си го сакам својот топол дом. Мојот дом, кој го изградивме со сопругот сами, со наша мака.

Моите синови имаат свои деца, кои и тие се возрасни. Ниту во еден момент не им посакува ништо лошо, ама барем ќе почувствуваат како ми е на мене, кога сум сама.

Извор: За се.мк

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1