Бадниковото гранче носи среќа и здравје


Бадник, големиот празник пред Божиќ, е ден кој секој треба да го помине со семејството, да јаде од посната трпеза и да крши леб со паричка која се смета дека носи здравје, среќа и бериќет во текот на целата година.

За Бадник традиционално домот се украсува со бадниково гранче. Неизбежниот симбол на Бадник го симболизира здравјето, го слави животот и вечната среќа.

Според народните верувања, токму со ова дрво праведниот Јосиф запалил оган за да го затопли штотуку родениот Исус и неговата мајка Марија.

Бадниковото гранче уште се нарекува дрво на животот, исто како она дрво на животот во рајот што симболично дава вечност.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1