Бакнал бебе без да знае дека неговиот бакнеж ќе е смртоносен – Бебето починало


Штотуку родено девојче починало, откако ја бакнало некое лице од семејството со херпес на усните. Имено, Елоис Ламптон била родена здрава, но починала само 24 дена подоцна после зараза со вирусот херпес, која се покажала кобна.

Нејзините родители Сара Пуг (28) и Даглас Ламптон се скршени од болка. Не знаат кој несвесно ја пренел инфекцијата на нивната штотуку родена ќерка.

tatko i bebe2

„Мислеа дека дошла од мене, но тестовите за болест се негативни. Тоа би можело да биде било кој“, раскажува несреќната мајка.

Елоис била родена на 1-ви ноември преку царски рез. Родителите набрзо ја однеле ќерката дома, а после само една недела почнала да ја губи тежината и станала многу болна.

Докторите морале да ја стават на апарати за одржување во живот, додека се обидувале да ја откријат причината на неочекуваната болест. За жал, не успеала да се избори со инфекцијата и починала во прегратката на родителите.

Информацијата дека хепрес е виновен за смртта на малечката Елоис ги шокирала сите. Мајката се надева дека случајот со нејзината ќерка во австралискиот Квинсленд ќе послужи како предупредување за другите, за опасноста од херпес кај новороденчињата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1