БАЛКАНОТ СЕ ТРЕСЕ: Покрај Македонија, земјотреси и во Грција, Бугарија, Турција


Балканското тло не престанува да се тресе. По застрашувачките скопски земјотреси, потреси се регистрирани и во соседните земји.zemjotres

Утрово земјотрес е регистриран на Закинтос во Грција со јачина од 4,2 степена според Рихтеровата скала. Од Институтот за геодинамика соопштија дека епицентарот на потресот бил 17 километри источно од островот, а во текот на денот грчкото тло го тресеа и неколку помали земјотреси.

Уште еден земјотрес е регистриран во околу 7 и 30 часот во Бугарија, кај Драјново со јачина од 2,5 степени по Рихтер. Епицентарот бил на 15 километри североисточно од Габрово и на длабочина од 2 километри. Засега нема информации за предизвикана материјална штета.

Најмногу земјотреси се регистрирани во Турција и во Грција главно со помали магнитуди меѓу 2 и 3 степени според рихтеровата скала, а во последните 24 часа земјата се тресеше и во, Србија, Романија, Босна и Херцеговина.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1