Балкански политичари, бизнисмени, спортисти… оставаат цело богатство на гатачи


Најчесто ми доаѓаат жени. Едни се жалат дека мажите ги мамат, други се жалат дека брачните партнери ги тепаат, трети немаат среќа во парите… Има и жени кои од мене бараат да им направам магија која ќе ги натера мажите да се вљубат во нив или пак, сакаат да растурат некој брачен пар, но јас со такви работи не се занимавам, иако многу други исцелители нудат и такви услуги. По правило, многу се поскапи и само за одбрана клиентела”, изјавил анонимниот исцелител

gatackaГраѓаните на Босна и Херцеговина годишно даваат повеќе милиони марки користејќи услуги на гатачи, исцелители, бели магови, биоенергетичари и парапсихолози, покажа истражувањето на босанско-херцеговската новинска агенција Патрија (НАП). Иако точниот износ не може да се утврди, судејќи според бројот на лицата кои се занимаваат со оваа работа и енормната заработка која ја остваруваат, овој црн пазар е меѓу најголемите во државата. Тоа може да се види и од недвижностите кои надрилекарите ги имаат во своја сопственост, автомобилите кои ги возат, но и луксузниот начин на живот.

Видовитата Зорка, Када, Хадијета… се само некои од гатачките, кои, наводно, нудат помош на несреќници кои веруваат дека токму тие можат да излечат депресија, фобија, стерилитет, брачни проблеми, да ја подобрат материјалната состојба или да решат некои други проблеми. Според истражувањето на Патрија, услугите од третман кај надрилекарите и по неколку пати се поскапи од некои медицински прегледи или терапии. На пример, очајна девојка која сака да провери дали ја мами вереникот на гатач мора да му плати и до 200 марки за получасовен третман и само дијагноза. Но, ако, пак, открие дека постои проблем и сака да го реши, тарифата се зголемува и до неколку илјади марки, пишува Патрија.

Интересно е дека услугите на исцелителите и гатачите ги користат и многу јавни личности, меѓу кои има политичари, естрадни уметници, бизнисмени и спортисти. Иако со Кривичниот закон на Федерацијата БиХ е дефинирано дека тој што се занимава со лечење неовластено ќе биде казнет со затвор до една година и парична казна, зачудува дека воопшто нема процесуирање на исцелители и гатачите или се забележани само спорадични случаи. Кој било вид надрилекарство од овој тип со закон е забранет и во Република Српска.

sponzorusa-bogatas-pismo-suprug-1354268251-235679Еден од попознатите сараевски исцелители и биоенергетичари, чие име е познато само на редакцијата, за Патрија кажал дека црната магија сака да ја симнува од Босанците кои живеат во дијаспората бидејќи тие имаат пари и лесно ги трошат. Многумина ги поминуваат годишните одмори кај него на терапии, а секоја година тој организира и турнеја по Европа. На муштериите кои му доаѓаат од БиХ им наплатува минимална тарифа, која изнесува 50 КМ за получасовен третман за симнување црна магија.

– Најчесто ми доаѓаат жени. Едни се жалат дека мажите ги мамат, други се жалат дека брачните партнери ги тепаат, трети немаат среќа во парите – вели овој исцелител за НАП и додава оти имало и жени кои од него бараат да им направи магија која ќе ги натера мажите да се вљубат во нив или пак, сакаат да растурат некој брачен пар.

-Со такви работи не се занимавам, но многу други исцелители нудат и такви услуги. По правило, многу се поскапи и само за одбрана клиентела – изјавил анонимниот исцелител.
Една од познатите сараевски исцелителки на своите клиенти им нуди услуга за враќање на саканото лице, наоѓање работа и остварување желби. Но, нејзините ритуали се покомплицирани, па поради тоа, наменети се само за посебни муштерии. Се вршат на полноќ на мезаријата Змајевац над Сараево или на старите гробишта кај Улог кон Палама, пишува НАП.

gatackaИсцелителката, која е деловна жена, за Патрија изјавила оти со оваа работа се занимава чисто од љубов. Кажала оти најчесто кај неа доаѓа дијаспората или млади жени. Упатствата како да се управува со мрачни сили, тврди таа, и ги оставила блиска роднина кога починала пред неколку години. Омилена дестинација каде што сараевските исцелители, исто така, ги водат своите муштерии е и гробот на сестра Лука на гробиштата Бетанија.

Гатачка од Алипашино поље, сепак, има малку поинакви методи. Не и се излегува од станот, па волшебните предмети ги продава по пат на интернет-портал. Најпопуларен е т.н. талисман на богатите. Кој го носи, тврди таа, никогаш нема да има проблем со парите. Цената е индивидуална и се договара на лице место. Се плаќа толку колку што гатачот ќе процени дека муштеријата е наивен, а ако купува повеќе талисмани, може да се оствари и попуст.

Како што пишува НАП, повеќе од јасно е дека сите тие кои користат вакви или слични услуги порано или подоцна сфаќаат дека парите ги фрлиле, бидејќи помошта никогаш не стигнува. Но, ако се пожалат и ги побараат парите назад, добиваат одговор дека не е до исцелителот, туку дека терапијата не ја спровеле како што треба.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1