Барак Обама ПОБЕДИ – го доби 2-от мандат (Видео/Фото)


 

Барак Обама победи и е реизбран за својот втор мандат како претседател на Соединетите Американски Држави.

По речиси изедначената трка на крајот Обама ги собра гласовите и го победи републиканецот Мит Ромни.

Победи и покрај големата економска криза која ја тресе земјата и големата невработеност.

Со победата во сојузната држава Охајо стана јасно дека досегашниот американски претседател Барак Обама останува во Белата Куќа како победник на 44тите избори за претседател на САД.

Демократската партија ќе го задржи и мнозинството во американскиот Сенат. Републиканците како и досега ќе имаат мнозинство во Претставничкиот Дом.

Обама освои 290 електорски глас, наспроти 203-те гласови на против-кандидатот Ромни.

Обама победи во Ајова, Пенсилванија, Мичиген, Минесота и Висконсин, а тесната победа во Охајо ја запечати победата.
Ромни триумфираше во Северна Каролина и Индијана, две држави во кои Обама победи во 2008 година.

Обама веднаш се огласи на Твитер „Ние сме сите заедно во ова. Така ја водевме и целата кампања“,

Ова е дел од победничката атмосфера на подржувачите на Обама

Барак Хусеин Обама II е сегашниот претседател на Соединетите Американски Држави. Поранешно бил сенатор на Илиноис за Демократската партија.

Обама е првиот афроамерикански претседател на САД и првиот Афроамериканец воопшто номиниран од големата политичка елита за улогата на претседател.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1