ББС го прогласи југото за најлош автомобил во светот- Балканците на неверојатен начин возвратија на навредата!


Најпознатиот телевизиски медиум во светски рамки ББС пред неколку дена го прогласи југословенското Југо како најлош автомобил во светот. Иако Британците воопшто не ја знаат поврзаноста на балканскиот народ со овој автомобил тврдат дека во „ужасното југо“ не можете ни својот чај да го испиете на мира додека одите на работа.jugo1-640x480

Сепак реакцијата од Балканот до Британците одекна веднаш и тоа со докази дека не е точна констатацијата за легендарниот автомобил.

1. Во ниту една друга кола не можете да ги соберете жената, децата и некое прасе или јагне купено од пазар во пресрет на некој празник а да се чувствувате толку конфорни како што можете во југото.

2. Можете да му го отсечете кровот и да имате уникатно кабриолет возило за само 500-ни евра.

3. Доколку имате мали деца, се влегува само од едната врата, бидејќи кваката на совозач е извадена поради безбедносни мерки.

4. Не се дискутира за вкусот и бојата на овој автомобил, секако ЦРВЕН е идеалниот модел за секоја прилика.

5. Секое семејство поседува албум со семејни фотографии со единствениот нивни миленик-југото.

6. Кога имате југо вие секогаш мора да доцните, а тие што ве чекаат едноставно се помируваат со тоа.jugo-krava-kola

7. За југото можете да најдете повеќе резервни делови, отколку нови делови.

8. Полиција никогаш нема да ве казни за брзо возење, бидејќи автомобилот не крева брзина повеќе од 80 km/h.

9. Југото има некоја семејна традиција која ве поврзува сите почнувајќи од твојот дедо.

10. Возачите на југо секогаш имаат трајни последици на вратот бидејќи едноставно не постои југо со два ретровизори.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1