Бебе починало од бакнежи, причината е застрашувачка!


Седум дена откако искочила од болница со бебето, Сара Пуг приметила радикални промени во здравјето на своето дете кое јадело се помалку и помалку. Трагично, малата Елиза починала откако била однесена во болница.

Мајката дознала дека причина за смртта бил едноставен бакнеж од страна на лице кое боледувало од грозница.
Откако Сара приметила дека нејзината ќерка не јаде доволно и дека ја губи телесната тежина одлучила да ја одведе кај бабицата која приметила дека нешто не е во ред и ја пратила во болница.baby-hospital bebe
Тестовите покажале дека Елиза некако добила херпес вирусод типот 1 во некој момент по породувањето.
Докторите ги известиле родителите дека ќерката најверојатно нема да преживее. Сепак не сакале да се откажат. Со хиликоптер ја испратиле во надобрата болница во близина, на жалост вирусот бил премногу јак за новороденото бебе.
До фатални последици доаѓа кога вирусот дирекно ќе допре до мозокот на детето.
Родителите на бебето сега се обидуваат да го рашират ова знаење за да спречат да не се случи истото и на друго семејство.
– Не можам да помислам на тоа да дозволам и на некој друг да му се случи истото и да поминува низ овој пекол, вели Сара.
Докторот Гино Пекораро вели дека ова е една од ситуациите каде превенцијата е едниствен лек. Но навистина тешко е да се избега од оваа ситуација.
– Доколку имате грозница, нужно е да ја покриете со фластер и потрудетете се да не го допирате дететето и секако, секогаш чисти раце, порачуваат од родителите.
Sitel

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1