БЕГ: До крајот на месецот парно ќе има секој ден кога температурата ќе падне под 12 степени


Скопјани утринава се разбудија со топли радијатори. Грејната сезона продолжува. Ниските температури не дозволуваат да се исклучат топланите. Од БЕГ велат дека и во следните денови ќе се следи ситуацијата и ако температурите продолжат да паѓаат под 12 греењето ќе остане вклучено. Според правилникот за топлинска енергија грејната сезона најмногу може да се продолжи до први мај.parno

– Од Бег потврдуваат дека расте интересот кај граѓаните за приклучување на мрежата. Од почетокот на минатата година над 2000 домаќинства потпишале договор за користење на градското парно, од нив половина се потрошувачи кои претходно го исклучиле. Приклучокот останува бесплатен.

Во август регулаторната комисија за енергетика ќе прави нова корекција на цената. Дали таа ќе се намалува или ќе расте од регулаторот велат дека е сеуште е рано да се даваат било какви прогнози. До 31 мај прептијатијата кои вршат снабдување со топлинска енергија до регулаторот треба да ги поднесат пресметките за направените трошоци.

– Во моментот е прерано да се даваат било какви прогнози во однос на цената на топлинската енергија, која што во голем дел е во зависност од цената на природниот гас. Во секој случај порастот на бројот на приклучени потрошувачи е позитивен момент за системот и позитивно влијае за сигурноста на снабдувањето на целиот енергетски систем, како и намалување на загадувањето на животната средина, се вели во соопштението на Регулаторна комисија за енергетика.

Последен пат парното поевтини лани и тоа за 11 отсто како резултат на намалувањето на цената на гасот и нафтата на светските берзи.

Sitel.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1