Бег: Повисоки сметки за мај, јуни и јули


Ако при порамнувањето се утврди дека е потрошена повеќе топлинска енергија отколку што авансно е пресметана, тогаш разликата ќе биде распределена на три еднакви рати и соодветно фактурирана во сметките за месеците мај, јуни и јули. Ако пак потрошувачот авансно платил повеќе отколку што е утврдено при мерењето на потрошената топлинска енергија, тогаш разликата ќе му биде вратена на неговата трансакциска сметка, доколку нема заостанати долгови“, Балкан Енерџи груп.
Енергетичарите појаснуваат дека поради продолжената грејна сезона оправдано е сметките да бидат повисоки.

Во овој случај имаме зголемена потрошувачка на енергија и Законот го обврзува БЕГ . Законот вели доколку имате 3 дена по ред пониска средна температура од 12 степени вие морате да греете. Како што е во мрежните правила, мора да ги почитувате и да работите продолжено. БЕГ потрошија повеќе енергија и е оправдано сметките да бидат повисоки, вели Константин Димитров од МАЦЕФ.

Во август регулаторната комисија за енергетика ќе излезе со нова корекција на цената на парното. Оттаму претходно информираа дека е рано да се прогнозира дали цената ќе се намали или ќе расте. Тоа во голем дел зависи од цената на природниот гас. Позитивен момент е порастот на нови приклучени потрошувачи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1