Белград: Манијак облечен во полицаец приведува девојки и ги пипка демек бара дрога



Сексуален манијак во последните два дена „оперирал“ низ улиците во Белград, облечен во полициска униформа, која ја користел како би можел да ги претресува жените барајќи им дрога.

Обично насилникот „оперирал“ околу студентските домови. Облечен во униформа на полицаец или пак физичко-техничко обезбедување, во вечерните саати по неговото легитимирање, на жртвите им ја соблекувал облеката и ги допирал по гениталиите.

Во последните неколку дена, полицијата изјави земала од седум девојки, на возраст од 18 до 21 година, чија сторија била речиси идентична, исто како и физичкиот опис на манијакот. Меѓутоа полицијата стравува дека бројот на жртвите е далеку поголем. Претпоставуваат дека има уште непријавени случаеви. Полицијата интезивно работи на идентификација на сторителот, а веќе имаат неколку осомничени лица.

Последен ваков злогласен манијак за кого објавија медиумите во 2009 година беше триесетгодишниот Миломир Ненадовиќ, кој жртвите ѓи напаѓал во лифтовите. Силувачот ќе ги пречекал девојките, ќе го запрел лифтот на некои од меѓуспратовите и потоа ги силувал. По седумдневната истрага бил уапсен од страна на белградската полиција.

Tags: , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1