Белградски автобуси за богаташи! 650 евра казна ако се качите на погрешна врата



Мислите дека 300 евра за минување на црвено, или 50 евра за фрлен отпушок се безобразно високи казни? Тогаш како им е на Белграѓаните, од 15 јули ги чекаат нови правила во користењето на јавниот градски превоз,  ја згреши ли вратата од автобусот, ќе си платиш казна од 75 000 динари, или неверојатни 654 евра.

Доколку по навика патникот влезе во автобусот низ средната врата, или ако излезе на првата или пак последната врата, надлежните ќе се погрижат тоа да му биде „незаборавно возење“.

Оттаму пак ваквата одлука ја правдаат со обидот да им се пружи колку што е можно поудобен превоз на совесните патници кои редовно ја користат нивната услуга.

Уверуваат, со текот на времето граѓаните ќе се навикнат на новите мерки, и се ќе функционира одлично. Идејата е патниците да влегуваат на првата и последната врата, да го поништат (покажат) билетот, и на саканата автобуска постојка да се симнат користејќи ја средната врата.

На овој начин се настојува да се избалансира распоредот на патници, а не како до сега, пренатрупани влезови наспроти полупразни места, најчесто во средишниот дел на автобусите.

Од друга страна возењето во скопските автобуси засега не е толку стресно ( барем од финансиски аспект). Најстрашното што може да ви се случи – повторувам ( од финансиски аспект ) е да ве казнат не повеќе од неколку стотини денари, и тоа само доколку сте несовесен патник-шверцер.

За правила како оние во Белград засега кај нас нема место, со оглед на фактот што до неодамна автобусите се користеа како полиња за физички пресметки меѓу разноразни силеџии.

ЗНАЧИ ВЕ ИНФОРМИРАМЕ – да не ни биде после некој виновен – новите правила на градот Белград ќе важат и за туристите – ако ја промашите вратата на автобусот додека сте во Белград ќе си го олесните џебот за 645 евра.

Tags: , , , , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1