Бескрајна тага: И таткото на 3 год детенце кое почина, загинал од тракторот пред пола година


Тригодишно дете го загуби животот во несреќа што се случи денеска напладне во двор од семејната куќа во прилепското село Секирци, откако прскалка од трактор падна врз детето. Детенцето било буквално згмечено од прскалката и брзата помош само можела да констатира смрт

Според екипата од службата за итна медицинска помош која ги пречекала во близина на селото Мажучиште, смртта настапила половина час пред тоа.trak

-Ги пресретнавме кај село Мажучиште околу 13.30 часот. Но, смртта веќе настапила кај детето. На телото имаше видливи траги на нагмечување во пределот на градниот кош и модринки по целото тело. Веднаш го однесовме во одделот за реанимација во прилепската болница, а пријавивме и во прилепската полиција бидејќи се работи за случај во кој смртта била предизвикана насилно, изјави Блага Павлеска, дежурен доктор од итна помош.

Трагедијата да биде поголема таткото на ова дете починал пред само половина година исто така во несреќа со трактор.

-Ние бевме дома, внатре во куќата, го чувме само гласот на дедо како вика, го загубивме детето, го загубивме детето…“, низ солзи изјави сестрата на тригодишното дете. Таа со својата мајка и двајца други пријатели на семејството веднаш со автомобил се упатиле кон Прилеп, со надеж дека ќе го спасат детето, но за жал било предоцна.

 

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1