Безбедносни камери го фатиле бегството на Јанукович


Не е познато каде наоѓа сменетиот украински претседател Виктор Јанукович кој во саботата наводно од Харков се обидел да избега во Русија, но во тоа го спречила граничната полиција.

begstvo-janukovic1Во јавноста се појави снимка која наводно го покажува бегството на украинскиот претседател Виктор Јанукович, пренесува Москва тајмс.

Надзорните камери снимиле камиони на кои се товарат работи, како и хеликоптер, кој ги превезува луѓето од имотот за кој се верува дека е претседателската резиденција.

Украина, неделното утро го дочека мирно. Луѓето шетаат низ градот, а нема информации за нови жртви. Во досегашните протести во Киев, загинаа 77 а повредени се 45 луѓе.

По драматичниот вчерашен ден кога во парламентот беше отповикан Виктор Јанукович, а поранешната премиерка Јулија Тимошенко е пуштена на слободоа, се поставува прашањето кој всушност владее со Украина, пишува Ројтерс.

Веднаш откако именуваа претседател кој е блзиок на Јулија Тимошенко, парламентот го смени Јанукович и повика на предвремени претседателски избори на 25 мај.

Но Јанукович во интервју наводно снимено во Харков, порача дека нема намера да се повлече, ниту да ја напушти земјата биде се работи за обид за државен удар, и дека тој е легитимен претседател.

Не се знае каде точно се наоѓа, а вчера се обиде да пребега во Русија, но во тоа наводно го спречила полицијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1