Безобразноста инекултурата на Саше политико повторно на дело – реакцијата на Пешевски


Лицето Саше Ивановски, познат како Саше Политико, по инцидентите и атаците кои во изминатиот период ги реализираше кон поголем број на политичари, но и кон јавни личности како Каролина Гочева, владиката Стефан, ректорот Стојковски, интелектуалците од Македонски манифест и многу други, денеска напладне предизвикал инциденгт и со вицепремиерот Владимир Пешевски, на булеварот Климент Охридски. Претходно во повеќе наврати Политико го навредуваше Пешевски искажувајќи многу непријатни коментари и навреди на сметка на вицепремиерот, пишува Нет ПресScreenshot_148

Ова е втор инцидент за неполни 24часа кој го предизвикува ова лице, кое лажно се претставува дека е новинар, иако во процес против него во скопскиот суд официјално тврдел дека тој не е новинар.

Присутните велат дека Пешевски бил на појадок во ресторан, каде во локалот седела и новинарката Билјана Секуловска, еден од најголемите медиумски поддржувачи на СДСМ. Таа била со уште едно лице, и цело време дофрлувала, го навредувала и му се обраќала непристојно на вицепремиерот. Пешевски останал смирен и не реагирал на провокациите, кои биле на лична и на семејна основа.

Веројатно испровоцирани од немањето реакција, во еден момент Секуловска го зела својот мобилен телефон и обавила кус телефонски разговор, а за кратко време во ресторанот се појавил Саше Ивановски. Веднаш по доаѓањето Саше Политико почнал да дофрлува од страна и да изрекува еден куп навреди кон Пешевски вмешувајќи и семејни работи. За да избегне инцидент Пешевски станал да си оди, но Ивановски тргнал кон него снимајќи го со мобилниот телефон и притоа му се внел во лице повторно истакнувајќи провокации. Во еден момент Пешевски пробал со раката да го оневозможи Ивановски да снима. Но, Саше Политико успеал да побегне. Цело време случката ја снимала Секуловска со својот мобилен телефон.

Вицепремиерот Владимир Пешевски се огласи во врска со денешниот настан, односно инцидентот кој го предизвика Саше Политико.

-Во врска со денешниот настан би сакал да дадам свое гледање на нештата. Најпрвин би сакал да искажам жалење за денешниот тек на настаните. Агресивноста никогаш не била својствена за мојот карактер, ниту пак сметам дека таа може да биде решение за проблемите. Мојата денешна постапка беше водена од одбранбениот инстинкт, емоциите и крајно негативното претходно искуство со лицето Саше Ивановски. И покрај тоа што целата ситуација беше испровоцирана, сепак мојата реакција беше пресилна, напиша Пешевски на својата официјална страна на Фејсбук.

-Би сакал да појаснам дека се работи за трет настан поврзан со истата личност. Првиот настан се случи кога бев со сопругата и моите деца на медицински третман за најмалиот син во Битола, кога чекајќи на паркинг лицето Ивановски низ отворен прозор се внесе во самото возило со провокации. Тогаш го затворив прозорот и го напуштив местото, не сакајќи пред децата да правам инцидент. Вториот пат беше настанот во Александар Палас, каде на официјален настан и покрај тоа што Ивановски можеше да поставува прашања на самиот настан, тој одбра да оди со провокации по завршување на настанот. Третиот настан беше денешниот, каде бев целосно приватно, без обезбедување, на пауза за ручек прво со членови на семејството, а потоа се приклучија и некои мои пријатели. Пред да се случи самиот инцидент со Ивановски, имаше провокации кон мојата маса од соседна маса од други лица, на кои немав никаква реакција. Очигледно е дека истите лица од соседната маса кои провоцираа и дофрлаа навреди на мое лично ниво, а кои потоа и го снимаа настанот, го повикаа Ивановски да дојде и да ја направи својата веќе стандардна провокација. Кога се појави Ивановски, и јас решив да си одам, знаејќи дека се работи за лице кое се поврзува со голем број на инциденти, со нестабилно однесување, и лице кое и претходно има направено инвазија на мојот личен простор. Потоа, кога ми се приближи од зад грб, реагирав одбранбено и инстиктивно. Мојата реакција беше пресилна и преемотивна, но при тоа сепак немаше никаков физички контакт меѓу мене и Ивановски, што може да се види ако внимателно се погледне снимката, додава Пешевски.

Дадов подетален опис на ситуацијата, за да се разбере зошто беше таква мојата реакција, напиша вицепремиерот Пешевски и додава: Знаејќи го ова, прашајте се себе си како би реагирале вие на мое место? Ќе повторам, агресивноста не треба да биде начин на решавање на проблемите, но исто така загрозувањето на приватноста и безбедноста како што мене би беше направено, не треба да биде начин на делување или однесување на било кој.

НетПрес.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1