Бидете раат – еве спас за досадни политички постови на фејсбук


Ако ви е преку глава од македонските политички пресметки на Facebook, тогаш сигурно ќе ви се најде Social Fixer кој ја филтрира содржината која ви ја прикажува друштвената мрежа.

IT.com.mk објави упатство како да ги блокирате политичките препукувања на Facebook. Ви ги пренесуваме во целост.

Во првиот чекор ги блокирате сите постови. Во вториот чекор ги блокирате и сите линкови кој на било кој начин се нашле на вашиот ѕид.

Откако ќе го предземете SocialFixer ќе забележите дека на вашиот Facebook се појавила нова икона веднаш до вашето име. Ако прв пат ја стартувате Facebook, ќе треба да изберете инсталација, најдобра и наjмалку интрузивна во корисничкиот интерфејс е „Minimal“. Откако  ќе го направите ова спремни сте за блокирање досадни содржини (не само политички, може да филтрирате и одредени корисници). Одберете ја новата икона и потоа кликнете на Social Fixer Options.

Чекор 1: Бришење на досадни/политички постови!

Одберете Filtering, ако не е селектиран вклучете ја Enable Filter опцијата. За филтрирање на постови кои содржат определени зборови, отидете во Matching Text полето и зад ‘/’ внесете ги зборовите кои мислите дека најдобро одговараат на содржини кои не ви се допаѓаат. Со оглед на тоа дека нашите политичари се поинвентивни во имињата кои си ги даваат од нивните американски колеги еве како тоа би можело да изгледа кај нас. На пример:

/ВМРО|СДСМ|комуњари|банда криминална|БЦ|Грујо/i

Очигледно оваа листа е постојано подлежна на промени, па и вие ќе мора да бидете пофлексибилни. Се што треба да направите е секој нов збор да го одделите со ‘|’, а ‘i’ на крајот е покажувач дека текстот не е „case sensitive“, односно не обрнува внимание дали е со мала или голема буква напишан клучниот збор кој го филтрирате. На крајот во полето Action одберете која мерка ќе ја предземете, на пример hide.

Чекор 2: Бришење на досадни линкови!

Во Filtering панелот одберете Add New Filter, иако синтаксата е различна функцијата му е слична како на претходниот, детектирање на текст во линковите. За жал ова работи само за линковите, но не и за сликите.

a[href*=”VMRO|SDSM”]

Се што е потребно е секој нов збор да го одделите со ‘|’. И немојте да заборавите во полето Action повторно да одредите мерка за овие линкови.

извор – it.com.mk

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1