Видео: Бил Гејтс нуди нов пристап кон тоалетните школки


Ова не се тоалетни школки на кои сме навикнале. Овие освен основната функција имаат и многу други кои се полезни и интересни.

Постои тоалет кој користи микробранова енергија за претворање на изметот во струја, други ја задржуваат урината која се користи за измивање на школката, трети пак ги прерабуруваат отпадните материи во јаглен.

Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ распиша конкуср со цел да придонесе во решавањето на проблемите на 2,5 милијарди луѓе кои немаат пристап до современи санитарни услови.

За да се влезе во најтесниот избор, тоалетите мора да работат без да трошат вода, електрична енергија, септички јами и не смеат да ослободуваат материи кои ја загадуваат околината.

Tags: , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1