Битола: Молотов коктел фрлен пред дискотеката Расчекор


molotov koktelПред ноќниот клуб „Расчекор“ во Битола синоќа е фрлена непозната запалива материја, најверојатно молотов коктел, од која се повредени две лица.

Повредените, 23-годишниот Х.Н и 27-годишниот В.Г. кои во моментот на настанот биле пред ноќниот клуб, се пренесени во Клиничката болница во Битола каде им е укажана лекарска помош.

Запаливата материја ја фрлил 37-годишниот С.Н. со намера да предизвика пожар пред ноќниот клуб. Тој е приведен во СВР Битола

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1