Бизарна смрт: Во болница го „вшмукала“ магнетна резонанца


Индиецот Рајеш Мари (32) загинал со бизарна смрт додека бил во посета на мајка му во болница. Него го „вшмукала“ магнетна резонанца, бидејќи во рацете носел метална боца за кислород.

Тој влегол во просторијата со апарати бидејќи лекарот и член на медицинскиот персонал му рекле дека е исклучен и дека е безбедно, пишува „Индепендент“. Поради тоа двајцата завршиле во притвор.

Магнетната резонанца го повлекла несреќниот Рајеш само што влегол во просторијата па не стасал ни да го олабави стисокот околу боцата што ја носел. Рацете му останале заробени во цилиндарот на машината, а боцата со кислород протекла. Иако веднаш го однеле на одделот на Итната помош, умрел во рок од 10 минути. Кобно било труењето со кислород.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1