Бизарно: Со години спиел до неговата мртва сопруга Фото/ Видео


За да не се распадне телото на неговата сопруга, Ван направил процедура слична на балсамирање, само што во овој случај тој користел глина која ја нанел на целото тело на неговата сопруга, а најголема количина на лицето.

Ли Ван (55) од Виетнам, на кого жената му почина во 2004 година, не можел да се помири со фактот дека повеќе ја нема, па одлучил да се „премести“ покрај нејзиниот гроб каде спиел скоро година дена, пренесува хит портал. По една година, соседите кои доаѓале на гробиштата се побуниле. И Ван неможел да си го реализира планот да ископа тунел, кој би водел точно до сандакот на жената. Но нашол уште побизарен начин да биде со неа.
Ван го ископал телото на неговата жена и го ставил покрај себе во кревет. Покрај починатата сопруга, Ван спие веќе 8 години. Неговиот син ја фотографирал неговата почината мајка во креветот и истакнал дека тој секој пат кога оди да спие ја гушка.

Ван изјавил дека никој не доаѓал да го посети со години:

– Сега кога дознаа дека сопругата „цело време е тука“, сакаат просто да платат само да влезат во куќата и да се уверат сами во тоа. Јас размислувам сосема поинаку од другите луѓе. Телото на мојата сопруга е мртво, но не и нејзиниот дух. Воопшто не ми е страв да лежам покрај неа навечер, објаснил тој.
За да не се распадне нејзиното тело, Ван направил процедура слична на балсамирање, само што во овој случај користел глина која ја нанл на целото тело на сопругата, а најмногу на лицето. Не е познато дали Ван ставил дрвена маска на нејзиното лице или и е такво од глината.
Локалните власти истакнале дека ќе го сопрат овој бизарен чин и телото на жената ќе биде повторно погребано или кремирано. Исто така, додаваат дека Ван не смеел да направи такво нешто затоа што сметаат дека ги „вознемирил мртвите“.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1