Богољуб Кариќ преговара со Џулија Робертс да ја глуми неговата сопруга


Српскиот бизнисмен Богољуб Кариќ ѝ понудил на холивудската глумица Џулија Робертс улога во филмот за неговото семејство, што се уште е во претпродукција.

– Вистина е дека преговараме. Една од идеите е Џулија да ја толкува улогата на мојата сопруга Миланка, и покрај тоа што Миланка претпочита ролјата да ѝ припадне на Катрин Денев или Шерон Стоун. Во тој случај, Џулија би ја одглумела снаа ми Маријана – открива Богољуб Кариќ за белградски „Новости“.

Буџетот за филмот е не помалку од пет милиони евра. Карич сака него да го глуми Мел Гибсон

Семејството Кариќ важи за едно од најбогатите во Србија. Тие беа мнозински сопственици на првата компанија за мобилни телефони во земјата, „Мобтел“ и имаат бизнис врски со руски конгломерати. Богољуб Кариќ беше близок и со поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ.

Џулија Робертс минатата седмица престојуваше во Белград заедно со своето семејство. Се говори и дека нејзиниот сопруг, сценаристот и режисер Даниел Модер работи на проект во Белград.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1