Бојата на пасошот има свое значење – дознајте што значи секоја од нив


Во зависност од тоа од каде потекнувате и кое е вашето место на живеење, вашиот пасош може многу да каже за вашата земја.

Бојата на пасошот не е гарантирана со законските регулативи, односно не зависи од конкретна категоризација на земјите, пишува „Бизнис инсајдер“. Пасошите низ светот се во неколку нијанси на црвено, сино, зелено и црно.passport-cover

Црвени пасоши

Темноцрвените пасоши се користат во земјите членки на ЕУ, освен Хрватска, како и земјите кои се заинтересирани за членство (Македонија, Србија, Турција…). Боливија, Колумбија, Еквадор и Перу исто така имаат пасоши со ваква боја. И Швајцарските пасоши се црвени за да одговараат на националното знаме.

Сини пасоши

На Карибите пасошите се сини – кои се типични за „Новиот свет“. Бразил, Аргентина, Уругвај, Парагвај користат сини пасоши. Американскиот пасош е морнарско син од 1976 година, за да одговара на нијансата на американското знаме. Пред тоа во Америка имало зелени и црни пасоши.

Зелени пасоши

Поголемиот број на исламски држави ја имаат зелената боја на пасошите, бидејќи зелената боја е важна за нивната религија. Слична зелена боја има и на пасошите во Нигерија и Сенегал.

Црни пасоши

Темните бои покажуваат помалку нечистотија и изгледаат поофицијално. Република Боцвана, Замбија и Нов Зеланд имаат црни пасоши, а црната боја се смета за национална.

Од сето ова може да се заклучи дека бојата на пасошите отсликува многу повеќе отколку гео-политичката и економската одлика на одредена земја. Многу е важно кој пасош, односно од која земја, има слободен пристап до други земји, што значи личен документ за идентификација на одредена индивидуа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1