Бојкотот на Пленумци се проширува низ цел УКИМ


По точно една седмица од започнувањето на окупацијата на факултетите, Студентскиот пленум соопшти дека автономната зона е проширена низ цел Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Вечерва на интерен пленум студентите одлучиле од утре да спроведат окупација и на Архитектонскиот факултет, додека студентите од Градежен факултет се уште се во преговори.

Foto - TV Tera

Foto – TV Tera

Во текот на денот, бојкот на настава се случи на Педагошка академија, Ликовна академија, Шумарски факултет, Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Природно математички факултет и Земјоделски факултет.

На Факултетот за драмски уметности, по иницијатива на студентите, уште од почетокот на окупацијата пред една недела, во знак на поддршка не се реализира настава.

Засега автономни зони прогласени се на Филолошкиот и на Машинскиот факултет, каде студентите вечерва ќе ја поминат седмата ноќ, меѓутоа наставата секојдневно се бојкотира и на Правен, Економски, Финки и ТМФ.

Покрај факултетите во Скопје, денеска на пладне Студентскиот пленум при универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола прогласи Автономна зона на Техничкиот факултет.

Битолските студенти истакнуваат дека прогласувањето Автономна зона значи опструирање на наставата на Техничкиот факултет сѐ до исполнување на барањата за укинување на Законот за високо образование и донесување на нов, со поголема и поинтензивна вклученост на студентите.

Студентите велат дека окупацијата останува се дури не добијат гаранција дека она што ќе се изготви како нов Закон навистина ќе биде имплементирано.

Тие бараат да се потпише спогодба помеѓу Интеруниверзитетската конференција и Министерството за образование и наука која ќе опфаќа: загарантирано учество на Студентскиот пленум во изработката на целиот закон со цел тој да ги рефлектира студентските ставови и перспективи. Формирање на работни групи во кои членовите од Студентскиот и Професорскиот пленум ќе бидат рамномерно застапени, како и рокови за изработка на прв и втор Нацрт на законот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1