Боки Јовановски: Утре ќе ви го опишам теророт кој што сум го преживеал, а за кој молчев десет години!


Доволно молчев и ги трпев сите клевети, навреди, сите измислици и конструирани приказни полни со злоба кои ги слушам и читам за себе во изминатиот период. Е па доста беше, решив дека повеќе нема да молчам и да оставам идиоти да го креираат јавното мислење и да ми го блатат името без никакви докази!

После десет години јас лично утре ќе ја објавам целата вистината поврзана со фамозната “жртва“ Сандра Перковска и во прилог на целата вистина јас лично на моја одговорност ќе ја објавам правосилната пресуда која е во моја корист, во корист на вистината за овој случај!!!
Утре ќе ја запознаам јавноста со какви мафијашки методи се служеше гореспоменатата Сандра Перковска и што се сум преживеал од нејзина страна! Утре ќе објавам со име и презиме кого таа “наивна“ Сандра ми испраќаше да ме рекетираат и ќе објавам колку пари ми земале насилно, употребувајќи физички напади и закани на класичен мафијашки начин!!! Детално за прв пат ќе ви го опишам теророт кој што сум го преживеал, а сум го молчел десет години!!!

Сакавте сензација, е па сега ќе морате да се соочите со вистината, доста ве оставив да пишувате глупости и да ме блатите!

Фејсбук статус на Бојан Јовановски

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1