Бомба 8 СДСМ: Амди Бајрам организирал да гласаат починати лица


-Ќе се фрапирате како Амди Бајрам организирал да гласаат починати лица. Како Јанкулоска признава дека ВМРО-ДПМНЕ одлучува кои избори ќе се поништат и ќе ја дознаете лудата математика на ВМРО-ДПМНЕ , посочија на трибината на СДСМ коај во моментов се одржува во Универзална сала.amdi bajram Во еден од објавените разговори се слуша како наводно министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и соговорничка зборуваат како пратеникот Амди Бајрам пушта луѓе да гласаат на место на починатите лица.

„Знаеш што им направил Амди Бајрам? Ги зел сите умрени во 2012та и пуштил луѓе да гласаат во нивно име“, се слуша во разговорот машки глас за кој од СДСМ велат дека е министерот Јанакиески.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1