Бомбашот од Детроит не успеал затоа што ја „извалкал“ бомбата кога ја сокрил во гаќи


Терористичкиот напад на „Бомбашот од Детроит“ од декември 2009 година, не успеал само затоа што експлозивот се „извалкал“ во долната облека што ја носел терористот и не ја заменил повеќе од две недели.

Нигериецот Умар Абдулмуталаб, се обиде да предизвика експлозија во патничкиот авион на американската компанија „Делта Ерлајнс“ над Детроит, но наместо тоа успеа само да ја  потпали својата долна облека каде била сокриена бомбата.

bombas-630x472Тоа предизвика  силни изгореници по долниот дел од телото на терористот, како и паника меѓу патниците, а посебно меѓу оние во непосредна близина на Абдулмуталаб, но планот на Ал Каеда да се предизвика тежок терористички напад не успеа.

Експерт на американската Агенција за безбедност во транспортот тврди дека бомбашкиот напад пропаднал само затоа што напаѓачот „ја носел истата долна облека повеќе од две недели“.

Според овој експерт, експлозивот во пеколната направа „се разложил“ затоа што премногу долго бил до телото на терористот.

Американското разузнавање беше шокирано од сознанието дека патник успеа да внесе експлозив во американски авион на лет за САД, а посебно изнендувањето беше големо поради техниката што беше применета и што требаше да предизвика жртви и на земјата од паднатиот авион по експлозијата.

Умар Абдулмуталаб се школувал во Велика Британија и извесно време живеел во Лондон. Сега е во затвор во САД, осуден на доживотен затворска казна за подготвување заговор за масовно убиство.

Бомбата во долна облека беше осмислена и изработена од ќелијата на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров. Американското и европските разунавања стравуваат дека оваа ќелија трага по бомбаш-самоубиец кој би можел во авион да внесе „стелт“ бомба, невидлива за сегашните скенери за откривање метал. Терористот се бара меѓу повратниците од сириската војна.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1