Бонева: Ако имало изборни нерегуларности, зошто претставниците на БЕСА се потпишале на записникот?


Од тоа што можеше овде да се види на ова избирачко место имало 6 овластени претставници на политички партии, идентично заинтересирани како партијата БЕСА изборниот процес да се одвива во фер и демократска атмосфера. Ќе се согласите дека во текот на изборниот ден, до 19 часот, ниту една политичка партија не знаеше колку гласови ќе добие, за некој да премолчи за било кој да има предност, изјави Силвана Бонева, на денешната седница на ДИК, по однос на приговорот од паријата БЕСА.boneva33

БЕСА откако ДИК ги објави мандатите, поднеле приговор дека на избирачко место 2333/1, не биле убаво напишани бројките на гласачките ливчиња од страна на ДИК, и дека некој им сугерирал за кого да гласаат на дел од гласачи.

-Ако тоа било така, зошто тогаш овластениот претставник на БЕСА се потпишал на образецот 16, зошто тогаш претставниците на опозицијата се потпишаа и потврдија дека изборниот ден се одвивал регуларно и нема никаква забелешка. Зборувате за период по 19 часот кога почна процесот на броење а гласачки ливчиња. Гласачки ливчиња не се сечени со ножици. Точно дека во повеќе немало ножици, а од нас им беше наведено дека може да го искинат гласачкото ливче. Во однос на бројки на изборниот материјал, дека не биле јасни за гледање, апсолутно не се согласувам дека материјалот не бил нејасен. Уште повеќе се потврдува тезата дека ова не треба да е тезга на пазарење, роковите законот и треба да бидат почитувани од сите претставници, рече Бонева.

Факт се потпишале сите претставници на политичките партии, факт број два, додаде Бонева.

-Претставниците на БЕСА се потпишале дека се е во ред. Приговорот е поднесен откако се знаеше бројот на мандати и затоа сметам дека приговорот е не основан, заклучи Бонева.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1