Боно за влакно избегнал смрт


Легендарниот пејач Боно од „ЈуТу“, откри дека за малку ќе умрел во периодот додека снимал песни од албумот „Songs Of Experience“.
Боно не сакал да изнесува детали за случката, а 57-годишникот за јануарското издание на „Ролинг стоун“ додал дека во новиот албум ја истражува токму темата – смртност.

Тој објаснил дека му е тешко да зборува за „настанот за умирање“, а додал дека се сомневале дека има рак на грлото (тестот бил негативен) и имал несреќа со велосипед пред неколку години.

– Луѓето имаат такви случки во животот, може да се психолошки или физички. Во мојот случај беше физички – рекол пејачот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1