Бора нема среќа во љубовта – и третата сопруга го остави


Бора Ѓорѓевиќ (65) се разведува по трет пат!Како што пишуваат српските медиуми, сопругата на Бора, Дубравка Милаковиќ (40) неодамна поднела барање за развод бидејќи повеќе не сакала ниту еден ден да мине со него. Најголема причина за разводот биле нејзината љубомора и честите отсуства на Бора од домот, пишува Информер.

„Бора и Дубравка беа како создадени еден за друг но пред неколку месеци почнаа сериозни кавги и раправии. Дубравка имаше се’ помалку доверба во Бора, па нејзините изливи на љубомора станаа неподносливи. Таа беше постојано хистерична поради тоа што бројни жени сакаа да бидат во негово друштво“ ја започнува приказната извор близок до рокерот.
Ѓорѓевиќ повеќе не можел да ги слуша постојаните префрлувања и префрлувања па се’ почесто бил отсутен од дома.

„Бора не сака да се расправа, а камо ли да му се прават љубоморни сцени. Тој попрво ќе се повлече отколку што ќе влегува во расправии. Поради тоа се обидел на сите можни начини да се тргне, за да ситуацијата се смири. Најмногу му е жал што поради ништо доаѓа до хаос, бидејќи тој откако е со Дубравка, посебно откако се во брак, не флертувал со ниту една жена. Сепак, не можеше тоа да и
го објасни ниту да ја вразуми“ тврди изворот.

Капката која ја прелила чашата бил вториот концерт на Бора во „Сава центар“. Тој се надевал на поддршка од сопругата но таа не се појавила. Тогаш многу се испокарале бидејќи рокерот бил многу бесен.
„Полуде бидејќи не го поддржа. Не можеше да го смири бесот. Викаше дека повеќе не може да го толерира таквото однесување, дека нема смисла тоа што му го прави, а на крајот и самиот рече ’Ма, ќе се разведам!’“ заклучил изворот.

Меѓутоа, во одлуката го предухитрила Дубравка, која пред неколку дена ги поднела документите.
„Бесна поради кавгата околу вториот концерт, Дубравка му порачала дека е крај. Бора мислеше дека тоа ќе и мине, дека се само во криза, но таа била цврста во одлуката да се разведе“ ја завршува приказната изворот.

Бора и Дубравка се венчале тајно на 5. мај 2016. година. Тој пред неа имал два брака. Со првата сопруга Драгана, во брак бил 30. години,а се развеле во 2007. година, после што таа бргу починала (се самоубила). Истата година ја запознал 28. години помладата Александра Савиќ, со која се венчал во 2009. година. Иако имало нагаѓања дека Бора поради неа ја оставил првата сопруга, мзуичарот никогаш не се огласил по тој повод. Тој и Александра се развеле после четири години брак.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1