БОРБА ПРОТИВ ПУШЕЊЕТО: Лековите и никотинските фластери помагаат во борбата


Според резултатите на едно меѓународно истражување, многу поголем успех во борбата против пушењето се постигнува со користење лекоиви за одвикнување препишани од лекар и никотинските фластери, отколку обид да се откажат цигарите без никаква стручна помош.

Досегашните истражувања покажувале различни резултати за ефикасноста на различни помагала во клинички услови, но не и во секојдневниот живот. Меѓутоа според еден научен труд објавен во списанието “Addiction” некои од помагалата даваат 4 до 6 пати поуспешни резултати во борбата против пушењето отколку одвикнувањето без да се побара било каква помош.

-Пушачите во Велика Британија, Канада, Австралија и Америка имаат поголеми шанси да се откажат од пушењето ако користат лекови и фластери- напишала раководителката на истражувањето Karin Kasa.

Нејзиниот тим обработил податоци од обидите за откажување од цигари собрани од 7.400 пушачи од овие четири земји, податоците биле резултат на испитување во период од шест месеци. Од вкупниот број на испитаници 2.200 користеле помагала, а останатите не.

Од оние кои не земале лекови или некакви помагала од цигарите успеале да се откажат околу 5%. Со помош на никотински фластери од оваа навика се откажале 18% од испитаниците, 15% од оние кои примале еден антидепресив и 19% од оние кои земале друг лек за одвикнување од пушењето.

Потоа научниците  ги зеле во предвид и другите фактори (како што се временската рамка и тежината на зависноста) и утврдиле дека фластерите и лековите имаат 4 до 6 пати  поуспешни резултати во одвикнување од цигари. Со истражувањето исто така е утврдено дека оние кои успеале да се откажат од цигарите биле помлади луѓе, со поскромни карактеристики, со помала зависност од никотин и посамоуверени.

Tags: , , ,

Иренa Мрческа

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1