Босфор е затворен за движење во двата правца


Невообичаено студената зима го стегна и Истанбул. Од синоќа таму паѓа обилен снег, а на места низ градот снежната покривка достига и до около 40 сантиметри. Температурите се движат меѓу минус 5 и минус 3 степени.bosfor-1

Поради недоволна видливост запрено е движењето на пловни објекти по Босфор и тоа во двата правца, се до новата наредба, соопшти поморската администрација.

Запрено е движењето и на патничките бродови меѓу азискиот и европскиот брег од повеќемилионскиот град, во правец кон Принцовите острови, Јалова и Бурса.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1