Босна: Погледнете што откри овој археолог


Археологот Семир Османовиќ тврди дека пронашол необична карпеста форма во обилк на совршена топка во шумата кај Завидовиќ ( Босна и Херцеговина) и верува дека тоа е најстарата скулптура направена од човечка рака. Исто така, тврди дека тоа е доказ дека најстарата европска цивилизација има потекло од Босна.
Тој нема никаков доказ дека оваа топка е само необично дело на природата, но Османовиќ кој веќе долго време тврди дека ја пронашол „Пирамидата во Високо“, вели дека тоа е доказ за поранешното постоење на изгубената цивилизација која користела напредни технологии повеќе од 1.500 години.

Археологот камената топка ја пронашол во шумата на местот Подуборвље, а за неговото откритие пишувал и британскиот „Дејли Мејл“.

Османовиќ е сигурен во своето откритие и тврди дека кога ќе заврши со своето истражување, светот ќе има докази дека во Босна и Херцеговина во минатото постоеле пирамиди повеќе и од Големите Пирамиди во Гиза и дека тоа ќе биде најголемото археолошко откритие уште од пронаоѓањето на Тутанкамоните гробници.

Археологот, познат и како „босанксиот Индијана Џонс“, живее во Тексас и патува низ светот истражувајќи древни локалитети.

Вели дека новоткриената камена топка „ е најтешката која човекот воопшто ја направил во историјата“. Инаку, топката е меѓу 1,2 и1,5 метри.

Феноменот камени топки ги поврзува со разни древни цивилизации, а најпознатите се пронајдени во Костарика.

Вкупно се најдени околу 300 и секоја е тешка околи 15 тони, а се верува дека ги направиле луѓе од древната Дикс култура, што значи дека се стари околу 1.500 години. Не е познато како успевале да ги направат такви совршени топки.

Ако се воспостави дека топката во Босна е направена од човечка рака, тоа ќе биде најголема таква топка која била некогаш пронајдена – два пати потешки од тие на Костарика

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1