Божиќ е празник на љубовта: Денес е ден да се замислите – еве на што да внимавате


Докажано е дека празничното време е најтешко за паровите. Многу семејства минуваат низ финансиска криза, депресија и други маки кои ги мачеле во текот на годината.

bozic0Бидејќи за Божиќ сите се усмерени кон своите најблиски некои парови можеби токму тогаш да ја уништат својата љубов. Не се знае зошто но депресијата и емоциите се будат за време на празниците. Се ви изгледа како да е крај на светот, како да немате доволно внимание, партнерот не ве почитува доволно, не ги сака вашите домашни доволно, немате во животот она што сте посакувале да имате, се чуствувате како неуспешен.

Еве како изгледаат тие ситуации и што може да направите.

Не се правете дека не ви значат празниците
Не се преправајте дека не се грижите за Божиќ. Да тврдите дека празници не се голема работа, и да се терате да ги бојкотирате. Не се однесувајте на тој начин, затоа што ако вашиот став кон таквите семејни празници е таков, тогаш вашето блиско лице ќе одлучи да ја бојкотира вашата врска за празниците а тоа верувајте ќе ве расатжи и разбесни.

Неблагодарноста е многу грда особина
Вашиот партнер ви купил подарок – соодветен одговор е: “благодарам”. Не биде еден од оние лица на кои расположението им зависи од подарокот. Мора да се запамети дека секогаш се дарува од срцето, особено на Божиќ, кога не е важно дали сте добиле кујнска крпа или скап подарок, важно е дека тоа е внимание од вашиот близок.

bozic1Без “валкани алишта”
Ние сите имаме минато. Празници знаат да разбудат емоции и обично се заглавуваме во минатото и старите. Значи правило е, не зборуваме за минатото – Зборуваме за иднината, за она што го чека во наредната година.

Не купувајте подароци со скриена порака
Последната година саканиот/та ви зборувала дека треба да ослабете. Како би се чуствувале под елката да најдете ваучер за теретана или апчиња за слабеење? затоа не правете го ни вие тоа.

Не ја критикувајте храната

Можеби не го сакате готвењето на мајката на својот партнер но за празници тоа морате да го сварите и држете ја устата затворена. Ако тргнете да приговарете да знаете дека во таа борба нема да има победник, само повредени.

Не оставајте за Божиќ.

Има милион причини да не го направите овој себичен потег токму за празниците. Почекајте некој друг ден доколку сте решиле. А токму празниците треба да ви ја покажат вредноста на љубовта која ја имате. Можеби вреди да поработите на неа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1