Бранко и Љубчо ќе договараат коалиција


 

Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски ќе прават коалиција против Груевски? Средбата меќу двајцата лидери закажана за утре.

Како што објави порталот Либертас Црвенковски и Георгиевски утре ќе се сретнат за да ги договорат условите за соработката против ВМРО-ДПМНЕ. Од двете партии велат дека се подготвени да ги надминат идеолошките разлики бидејќи имаат единствена цел, да ја сменат оваа ненародна власт, пишува Либертас.

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски и актуелниот претседател на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски се сретнуваат утре откако лидерите на партиите од коалицијата „За демократска Македонија“ решија самостојно да преговараат со Црвенковски кој веќе имаше средби со Андреј Жерновски (ЛДП), Стојанче Ангелов (Достоинство) и со претставник на Обединети за Македонија, чиј претседател, Љубе Бошкоски издржува затворска казна.

Tags: , , , , , , ,

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1