Браво за ОВАА ИДЕЈА: Сакате да излезете а не знаете каде, ни дал има место – АЛО КАФАНА ќе ви олесни


Имате желба да прославите или едноставно да излезете со друштвото во кафана, но немате идеја каде?

Целиот свет веќе се работи преку интернет. За утеха е што и Македонија фаќа чекор со светот. Имаме многу млади – надежни и успешни, кои и самите влегуваат во светот на програмирањето, апликациите, игрите..

Уште еден иновативен македонец со својот проект сака да им ја олесни работата на граѓаните.. Во овој случај да овозможи полесно до убаво мината вечер со пријателите. Овој млад човек имајќи си и самиот мака да одбере место за убаво мината вечер дошол на идеја како и себе но и на сите граѓани да им олесни. Создал апликација ,,Ало Кафана,,

Со новата апликација Ало Кафана на најбрз и едноставен начин, може да одберете една од многуте и само со еден клик да се јавите и резервирате. Ало Кафана е апликација чија цел е да го намали времето на пребарување на контакт детали и во исто време да ви понуди голем избор на кафани.

Апликацијата може да ја симнете на Google Play Store – https://goo.gl/uEBaPQ

и дополнителна одлична вест е тоа што истата може да работи и офлајн.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1