Бразил од 70 сетите е подобар од Шпанија – Пеле за Ројтерс


Бразилската фудбалска легенда Пеле во интервју за Ројтерс – Бразил од 70-те е подобар од Шпанија 2012.

Репрезентацијата на Бразил која го освои светскиот трофеј во 1970 година, е подобар тим од моменталниот светски и европски шампион репрезентацијата на Шпанија, смета легендарниот бразилски фудбалер Пеле. Според зборовите на Бразилецот, „кариоките“, разликата на двата состави е во индивидуалниот квалитет на секој фудбалер кој што бил на страната на „кариоките“. Запрашан од новинарите на светската агенција Ројтерс, кој би победил доколку би се сретнале овие две селекции, Пеле насмеано одговори .„Доколку на некој начин би можеле да се сретнат овие две селекции Бразил е тимот што ќе победи, без сомнение“, изјави Пеле

Во тој период најтрофејниот светски шампион со дури седум светски трофеи во своите витрини беше предводен од Пеле, Ривелињо, Жерсон, Тосжао, Жаиржињо, а во Мексико во финалето ја совладаа италијанската репрезентација со 4:1.

„Споредбите секогаш ќе ги има, но не може да се споредуваме поединечно. Бразил од 1970 година имаше далеку поквалитетни фудбалери од денешните фудбалери на Шпанија. Во „шпанската фурија“ денеска има двајца до тројца квалитетни шпански фудбалери“, смета Пеле. Легендарниот Пеле сепак им оддаде признание на шпанците која во неделата ја одбрани европската круна против Италија.

“Без сомнение, Шпанија е една од најдобрите екипи во историјата. Овој нејзин тим игра фудбал кој што најмногу сакам да го гледам во последните неколку генерации“, заврши Пеле.

Tags: , , , , , , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1