Британец кој има 101 година осуден за педофилија


Пензионираниот возач Ралф Кларк е осуден за злосторства од минатото.

Британецот Ралф Кларк кој има 101 година е прогласен денеска за виновен за силување на две малолетни сестри, како и за злоставување на нивниот брат во текот на 1970-те и на почетокот на 1980-те години од минатиот век.pedofil

Се очекува дека нему, без оглед на возраста, во понеделник на суд во Бирмингем ќе му биде изречена затворска казна – јавува Ројтерс.

девојчињата во времето кога врз нив било извршено злоставувањето имале меѓу 4 и 13 години. Во август годинава, веќе како возрасни жени, тие виделе фотографија од Кларк на Фејсбук, од прославата на неговиот роденден.

Така педофилот бил откриен.

Двете жени во полиција сведочеле дека Кларк ги злоставувал во неговата куќа во Бирмингем, во камион, во шупа која ја имал во дворот.

Ралф Кларк признава дека го злоставувал нивниот брат, а за тврдењето на сестрите вели дека е лага.

Без оглед на неговото тврдење, поротата го прогласила за виновен по 20 точки од обвинението.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1