Брнабиќ носи писмо во Брисел: Што е разликата помеѓу Каталонија и Косово?


Српската премиерка Ана Брнабиќ по итните консултации на српската влада и српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија ќе се обрати до Европската комисија поради ставот дека случаите на Каталонија и Косово не можат да се споредуваат. Таа најави и прашање за Брисел кое лично ќе им го постави-дали за ЕУ е важно меѓународното право или постои некое друго меѓународно право кое важи за сите држави кои не се членки на ЕУ.

-Нас не изненади ставот на Европската комисија и сето она што го изнакажа портпаролот. Сакавме да видиме како ќе реагираме во смисла што се треба сега да ја прашаме Европската комисија, рече Брнабиќ.

– Јас патувам во Брисел порано од договорениот термин на 10 и 11 октомври и секако дека го носам нашето писмо кое ќе биде една од темите за разговор, рече претседателката на српската влада.

Таа најави дека писмото ќе биде испратено и до сите држави кои не го признаа Косово со благодарност и укажување колку е важно што тоа не го направиле и колку постапиле исправно што верувале во меѓународното право.

Српската премиерка најави дека писмото ќе биде испратено и до државите кои го признаа Косово со прашања и очекување на одговор според кое меѓународно право го направиле тоа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1