Бугари продале бебе за 8.000 евра


Бугари продале бебе за 8.000 евра . Од нив 2.000 евра добила мајката, а другите пари ги земал посредникот.

Бугари се вклучени во продажба на бебе во грчкиот град Катерини, објавува електронското издание на грчкиот весник „Прото тема”. Новороденчето момченце е продадено на бездетно грчко семејство за сума од 8.000 евра.baby-hospital bebe

Мајката на детето е 30-годишна Бугарка, која имала финансиски проблеми.

Таа го предала детето веднаш по раѓањето. Во договорот посредувал 39-годишен Бугарин.

Во октомври исто во Катерини бугарска двојка се обидела да ја продаде ќерката, но во последен момент случајот е стопиран. Тогаш полицијата ги уапсила родителите и уште двајца Бугари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1