Бугарија – кандидат за Нобелова награда за мир за 2013 година?


При гостувањето на телевизија Bulgaria ON AIR, поранешниот бугарски министер за надворешни работи, Соломон Паси, изјави дека Нобеловата награда за мир, треба да и` биде доделена на Бугарија. „Во 2013 година се навршуваат 70 години од спасувањето на бугарските Евреи, кое што е основа за номинирање за награда. Од позиција на носител на Нобелова награда за мир за оваа година, Европската унија ќе може да доставува номинации, и Бугарија треба да го искористи тоа“, изјави Паси во емисијата „Брисел 1“.

ne vo euВо интервју за БНР, тој го потврди овој свој став и изјави дека „сосема природно е Бугарија да биде номинирана за Нобеловата награда за мир, за спасувањето на бугарските Евреи“, за што поддршка доби и од Бугарскиот културен клуб – Скопје (БККС).

Но притоа, овој бивш бугарски министер, кој што и самиот има еврејско потекло, заборава да спомене дека истата таа Бугарија која што тој ја фали за спасувањето на бугарските Евреи, како сојузник на хитлерова нацистичка Германија депортираше над 7000 Евреи од вардарскиот дел на Македонија, која во тоа време е под бугарска окупација. Всушнот и бугарските Евреи, за кои што тој зборува, Бугарија не ги спаси од некој друг, туку од самата себе.

Бугарскиот дипломат од кариера Владимир Мутафов, во својата книга „Бугарија и ролјата на кралот Борис III за време на холокаустот“, пишува дека „виновникот за депортација на Евреите од Беломорска Тракија и Вардарска Македонија е бугарската влада, дејствувајќи во согласност со Третиот рајх“, напоменувајќи дека „не можете да бидете и спасител во еден дел од Бугарија, и активен соучесник во убиствата во друг дел“.

Истово го констатира и Д-р Нисим Јоша од Асоцијацијата на Евреите од Македонија во Израел, при што вината за депортирањето на Евреите од Македонија во логорите на смртта, ја лоцира во Бугарија, односно во тогашната бугарска власт.

bugarija-makedonija„Бугарија предводена од цар Борис беше активно вклучена во холокаустот со депортирањето на Евреите за истребување. Во март 1943 година, Бугарија сурово организира и изврши депортација на 11.343 Евреи од Тракија и Македонија во Треблинка, каде што сите беа веднаш задушени во гасните комори.“, пишува Д-р Јоша, притоа потенцирајќи дека токму затоа „пофалбите за Бугарија и Борис без да се спомне експлицитно неговата кривична одговорност во депортацијата на Евреите за истребување, ќе биде сметано за кривично дело поради негирањето на холокаустот. Сите ние кои ја сакаме вистината мора да ја отфрлиме секоја бугарска претенциозна аспирација да биде наградена за она што не го заслужува.“

Сепак, се чини дека и Нобеловите награди не се она што некогаш беа. Ако Нобеловата наградата за мир во 2012 година ја доби Европската унија, и покрај тоа што со години наназад немо посматра како една нејзина земја членка извезува спорови, упатува геноцидни и спротивни на меѓународното право барања кон Македонија и не ги почитува малцинските права на Македонците, не треба да не` чуди ако во скоро време со истата награда се закити и соседна Бугарија.

Александар Стеванов

Share Button
MK News

Автор инфо

One Response to “Бугарија – кандидат за Нобелова награда за мир за 2013 година?”

  1. davor #

    rezil

    04/01/2013 13:08 at 13:08 Reply

Остави коментар

UA-33057274-1