Бугарите ја копаат Македонија, Македонците – Бугарија!


Диви копачи од Македонија шетаат низ нашата држава, а нашинци пак ја прекопуваат земјата на Александар Велики барајќи богатства, тврди Ангел Папалезов, главен инспектор и началник на секторот за културно-историски вредности во бугарската полиција, во изјава за бугарскиот “Фокус”.

zlatoАрхеолошките локалитети во двете држави секогаш биле плен на дивите копачи, Папалезов вели дека се зачестени сигналите за бугарските археолошки локалитети кои се плен на македонските копачи и обратно, и смета дека треба да се зајакне контролата, бидејќи злосторствата почнале да се претвораат во епидемија.

– Кризата во последните неколку години принуди многу од луѓето кои имаа друга работа, како гастарбајтери или градежни работници, да се занимаваат со ископување на културно наследство. Бугарија, како држава со многу историја, и со многу археолошки споменици може да се пофали со многубројни, богати археолошки локалитети, вели Папалезов.

Папалезов посочува дека луѓето не го перцепираат копањето на богатство како кој знае каков прекршок и си мислат дека дури и ако ги фатат, ќе си поминат лесно, па затоа без двоумење се препуштаат на незаконско собирање на вредности.

Последните кражби во црквите покажаа дека крадците точно знаеле што треба да украдат, па така некои икони стари по десетина години останаа недопрени додека оние до нив, стари и по три века беа украдени.

Полицијата тоа не може да го потврди исто како и неофицијалните информации дека голем дел од украденото национално богатсво преку Албанија завршува токму во Грција како што тврди и бугарскиот инспектор каде се продава на аукции и достигнува цени и до стотина илјади евра.

Повеќе на – Вечер 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1