Archive | Балкан RSS feed for this section

Словенија забрани пластични производи за еднократна употреба

Во Словенија од вчера забранета е употреба на повеќето пластични производи за еднократна употреба. Чаши и чинии за еднократна употреба, пластични садови, сламки, како и пакување за брза храна и кутии од стиропор ќе бидат повлечени од пазарот. Пластичните производи што немаат алтернатива, како влажни марамчиња, пластични филтер за цигари и тампони ќе продолжат да […]

______________________________________________________________________________________________________

Од денеска нови рестриктивни анти-ковид мерки во Бугарија

Од денеска стапуваат во сила новите мерки против Ковид-19 на територијата на Бугарија, откако случаите на заразени лица повторно почнаа да растат. Во земјата има 1371 нови случаи на коронавирус со извршени 20.952 тестови, што значи дека 6,5 проценти од земените примероци се позитивни. Согласно новите мерки се ограничува капацитетот на ресторани, спортски сали, настани, […]

______________________________________________________________________________________________________

Вучиќ: Едвај чекам да примам трета доза вакцина

Не се знае дали ќе има нови антиковид мерки во Србија, но српскиот претседател Александар Вучиќ едвај чека да се вакцинира со третата доза на вакцина против коронавирусот. Ќе ја примам третата доза после шест месеци, тоа би било во октомври. Едвај чекам да ја примам. Како што гледате, уште сум жив, изјави Вучиќ. Toj […]

______________________________________________________________________________________________________

Србин кој живее во пештера примил вакцина, го привлече вниманието на Илон Маск (ВИДЕО)

Панта Петровиќ од Пирот, познат по тоа дека веќе 15 години живее во пештера, се вакцинирал неодамна против ковид-19 и ги повика сите да се вакцинираат во што поголем број. Светскиот милијардер Илон Маск на „Твитер“ го поддржа потегот на Петровиќ и им испрати силна порака на следачите. Петровиќ го привлече вниманието не само на […]

______________________________________________________________________________________________________

Вучиќ најави 5.000 евра за секое родено дете во Србија

Александар Вучиќ најави промена на законот за бремени жени и значително зголемување на стимулациите за новороденчињата. Судејќи според најавите, од денешните еднократни 100.000 динари, односно околу 900 евра за раѓање на првото дете, мајките и татковците во Србија може да очекуваат придобивки до 5.000 евра за раѓање на дете. Вучиќ најави дека Србија ќе биде […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев, Рама и Вучиќ на средба во Скопје на 29 јули

Во рамките на иницијативата за засилена регионална соработка претседателот на Србија Александар Вучиќ, претседателот на Владата на Албанија Еди Рама, и претседателот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев денеска одржаа работна средба преку интернет конференциска врска на која ја утврдија трипартитната, односно заедничка изјава „Европски Западен Балкан“. Во трипартитната изјава претседателот Вучиќ и премиерите […]

______________________________________________________________________________________________________

Вучиќ: Курти дојде да праша кога ќе го признаеме Косово, мојот одговор беше – никогаш

На средбата меѓу Вучиќ и Курти присуствуваат и министерот за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак. -Јас дури и не знам што да ви кажам, должината на разговорот зборува за резултатите. Договорено е да се продолжи дијалогот на највисоко ниво до крајот на јули, се […]

______________________________________________________________________________________________________

Ѓоковиќ по втор пат го освои Ролан Гарос

Победник на Ролан Гарос 2021 во машка конкуренција е српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Во финалето тој го победи Гркот Стефанос Циципас со 3:2, иако Гркот водеше со 2:0 по првите два сета. Натпреварот траеше четири часа и 12 минути. Ѓоковиќ направи пет аса, со три двојни грешки и пет реализирани брејк топки од 16. Неговиот […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Грција стапува во сила европскиот дигитален ковид пасош

Преку законски акт потпишан од грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и објавен во Службен весник, Грција е меѓу првите земји што официјално и во пракса го воведува европскиот дигитален ковид сертификат. Конкретниот законски акт ги предвидува начинот на издавање и содржината на сертификатот, а генералниот секретар за координација на Владата Танасис Кондогеоргис, за грчката телевизија ЕРТ […]

______________________________________________________________________________________________________

Србите од 1. јули без роаминг во Грција

Српската влада склучи договор со Грција за укинување на роамингот меѓу двете држави. Од 1 јули Србите нема да плаќаат дополнително за интернет и телефонски разговори додека престојуваат во Грција, туку цените ќе останат исти како да се во својата земја. „Се работи за сложени преговори, иницирани од страна на Владата и регулаторот во Србија, […]

______________________________________________________________________________________________________

Бесплатни таблети и интернет за сите ученици од 1 до 4то во Белград

Сите ученици од прво до четврто одделение на територијата на Белград на 1 септември ќе добијат таблети, од кои ќе можат да учат во новата учебна година. Тоа го најави заменик градоначалникот на тој град, Горан Весиќ. Тој прецизираше дека Градот ќе купи 67.592 таблети на 1 септември и дека сите ќе имаат картичка со […]

______________________________________________________________________________________________________

Лажниот масер од Белград заврши зад решетки: Се преправал дека е хирург и правел пластични операции

Дваесет и тригодишен масер од Батајница кај Белград, кој со години држел „елитна“ ординација за пластична хирургија е уапсен по неколкунеделна полициска потрага, откако десетици жени се пожалија на здравствени проблеми како последица на неговите неуспешни и нестручно изведени операции. Српските власти ги уапсија лажниот хирург Сава Кнежевиќ и неговата мајка Данијела кои во нерегистрирана […]

______________________________________________________________________________________________________

Водачот на Кавачкиот клан Радоје Звицер има македонски пасош?

Безбeдносните служби во регионот предводени од српската БИА го лоцираа водачот на Кавачкиот клан Радоје Звицер. Според сознанијата тој се наоѓа во една од земјите во Јужнат Америка. По акцијата за апсење на Велимир Беливук, Звицер од Црна Гора преку Албанија побегна во Јужна Америка со лажен босански пасош. Тој често ги менува земјите на […]

______________________________________________________________________________________________________

Борисов поднесе оставка на Кабинетот пред новоизбраните пратеници

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов поднесе оставка пред новоизбраното 45-то Национално собрание на раководениот од него Совет на министри. Такво соопштение објавија медиумите во Софија од прес-центарот на Советот на министри неколку минути по официјалниот почеток на седница на новиот парламентарен состав. Писмото на премиерот Борисов, со кое тој поднесе оставка на кабинетот, денеска беше […]

______________________________________________________________________________________________________

Грција од понеделник ги отвора границите за одредени земји

За неколку конкретни земји, во кои брзо напредува процесот на имунизација, Грција од понеделник ќе ги укине рестрикциите и туристите ќе можат или со сертификат за вакцинација или со негативен ПЦР тест да влезат во земјата. -Станува збор за некои земји, и се однесува на посетители кои може да дојдат или со сертификат за вакцинација […]

______________________________________________________________________________________________________

Вучиќ: Во јуни Србија ќе ги произведе првите дози на Спутник В

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека првите дози на руската вакцина Спутник Ве од белградскиот Институтот „Торлак“ ќе излезат помеѓу 5 и 10 јуни и додаде дека верува да Србија пред крајот на годината самостојно ќе ја произведува вакцината. -Ќе видиме дали до крајот на годината ќе го произведуваме „Синофарм“ или „Спутник“ и се […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина српскиот пејач Тозовац – ја загуби битката со коронавирусот

Пејачот Предраг Живковиќ Тозовац почина на 85-годишна возраст. Предраг Живковиќ Тозовац беше на лекување од коронавирусот во последните неколку недели, а веста дека починал за „Блиц“ ја потврди неговиот кум. За жал, тој не издржа, ковидот целосно го уништи – рече тој за „Блиц“. Тозовац е роден во Краљево во 1936 година, од неговиот татко […]

______________________________________________________________________________________________________

Брнабиќ: Уапсени се петмина антиваксери, едниот од нив бил вакциниран

Српската премиерка Ана Брнабиќ рече дека еден од петте уапсени антиваксери е вакциниран против корона вирус, пренесува Танјуг во неделата. „Од петтемина антиваксери кои беа приведени, еден беше вакциниран, а во исто време тој ги ширеше најлошите можни лаги против вакцинацијата. Значи, вие се заштитивте, но велите дека другите не треба да се вакцинираат“, изјави […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1